Адвокатот на Груевски нема сознание каде е неговиот клиент
Во меѓувреме, полицијата постапувајќи по потерницата продолжува да трага по Груевски по вечерашните два неуспешни обида да го пронајде во неговиот дом и да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Од МВР соопштија дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија.
МВР на својата веб–страница веќе ја објави и потерницата со фотографија од Груевски, распишана на барање на Кривичниот суд во Скопје, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок.