СПЦ застана на страна на Руската православна црква
Се наведува дека Филарет своевремено бил канонски лишен од чинот, а потоа и исклучен од црковната заедница и подвргнат на анатема, а Макариус, велат од СПЦ, „е лишен од апостолскиот прием како духовен изданок на сектата на таканаречените самосвети“.
Затоа, Светиот архиерејски Собор оваа одлука на цариградскиот Синод ја смета за необврзувачка за Српската Православна Црква. Во соопштението на СПЦ се наведува дека за овој соборски став официјално се информирани сите православни цркви, од Цариградската до Московската патријаршија.