Најмалку шестмина загинати во самоубиствен бомбашки напад во Кабул
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако талибанците и Исламската држава во минатото извршуваа слични напади.
Стотици луѓе ноќеска маршираа од западните делови на Кабул до претседателската палата во центарот на градот, протестирајќи против ниската безбедност во областите Газни и Орузган, населени главно со етнички Хазарејци. Областите скоро цела недела се под талибански напад.