Расправа за третиот нацрт-амандман во Комисијата за уставни прашања
Членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакнаа дека амандманот е непотребен и треба да се повлече, бидејќи нашата држава немала и нема територијални претензии кон ниту една соседна држава.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров рече оти е „факт дека ние сме тие кои мора Македонија да си ја направиме подобра, но исто така е факт дека поради разликата околу името една цела генерација изгубивме“.
Тој посочи дека „отстрануваме пречка за да го почнеме процесот од Македонија да си направиме европска демократија.“
Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ праша „дали Република Грција се плаши дека територијалниот интегритет и суверенитет им е загрозен од нас?“
„Тие сакаат со овој Договор да затворат сите свои дилеми и полека ги затвораат. Ние сме мирољубив народ, сме го докажале тоа. Секогаш македонскиот народ сакал искрено пријателство и искрени добрососедски односи“, истакна Деспотоски.