Србија одржа најголема воена вежба од времето на ЈНА
Вежбата се спроведе на десет локации со учество на 8.000 припадници на Копнената армија, Военото воздухопловство, Речната флота и други единици.
На неа учествуваа 100 тенкови, 100 оклопни борбени возила, 100 артилериски и ракетни систем и 24 авиони и хеликоптери, при што беа употребени околу 103 тони боева муниција и средства.
На вежбата присуствуваше државниот врв на Србија, на чело со претседателот Александар Вучиќ.
Вучиќ на полигонот Пасуљански ливади изјави дека само Романија во регионот има поголема армија од Србија.
“Ние и Унгарците сме тука некаде, а сите други се далеку, далеку зад нас. Се разбира дека Грција има огромна војска, тоа не се споредува, но сите останати од просторот на поранешна Југославија … Ние драматично ја зајакнуваме нашата армија, нашите чекори не се од милји, тоа се чекори од седум милји “, изјави Вучиќ за РТС.
Тој најави дека во 2019 година ќе можат да се видат големите инвестиции во армијата.
Како што најави Началникот на Дирекцијата за разузнавачко-извидувачки работи на Генералштабот на Вооружените сили на Србија, генерал-мајор Илија Тодоров вежба „Векот на победникот 1918 – 2018“, е една од најголемите уште од времето на ЈНА.