Градоначалникот на кримскиот главен град поднесе оставка
Градоначалникот на Симферопол, Игор Лукашјов, како и неговите седум заменици поднесоа оставки на 9 ноември, соопшти канцеларијата на шефот на руската администрација на Крим, Сергеј Аксјонов.
Москва во 2014 година го анектираше Полуостровот Крим на Црното Море и постави своја администрација, иако преземањето беше отфрлено од поголемиот дел од меѓународната заедница.
Аксјонов рече дека новата администрација ќе биде именувана следната недела. Ваквиот потег Аксјонов го најави минатата недела, велејќи дека властите во Симферопол го надгледуваат „колапсот“ на градскиот транспорт и управувањето со отпадот.