Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Дол на средба со Тодоров, Александрова и Богојески

Денеска по конгресот на Европската народна партија во Хелсинки, претседателот на Европските народни партии, Жозеф Дол ги поканил на средба поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески, поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и поранешната членка на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Емилија Александрова.


На својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, Дол, кој објави и фотографија од средбата, напиша дека ги поканил за да “дискутираат за загрижувачката ситуација” во партија која е нивна членка по, како што пишува, санкциите преземени кон оние кои гласаа за почнување на процедурата за уставните амандмани неопходни за да се спроведе Договорот од Преспа за промена на името.


“Сите закани мора веднаш да престанат” напиша Дол.


Во објавата на својот профил на Фејсбук, тој пишува и дека верува оти Договорот претставува важен чекор кон остварување на евроатлантските аспирации на македонските граѓани. Претседателот на Европските народни партии наведува и дека уште поважно било, а и тој отсекогаш, како што пишува бил јасен, дека Европската народна партија ги охрабрува партиите членки кога се во опозиција да продолжат да играат конструктивна улога во парламентот и да ги одбранат нивните вредности, а да ја држат владата одговорна за своите политики.


“Сите членки на Европската народна партија мора целосно да спроведат внатрепартиска демократија, да го почитуваат правото на сопствено мислење и да ги бранат нашите вредности и принципи, вклучително и силна проевропска посветеност” напиша Дол.


Исклучените членови од ВМРО-ДПМНЕ се во главниот град на Финска на негова лична покана. Таму замина и официјална делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот претседател Христијан Мицкоски. Со него се и потпретседателот Александар Николоски, пратеникот Владимир Ѓорчев и други.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus