Човек почнал да пука во бар во Калифорнија, 13 убиени
Шерифот Џеф Дин рече дека еден од неговите заменици, кој прв интервенирал по пријавата на пукање, исто така загинал.
Не се соопштува како загинал напаѓачот.
Неколку луѓе, кои биле во барот за време на нападот, за медиумите изјавија дека човек облечен во црно, со качулка и со делумно покриено лице, почнал да пука во луѓето по случаен избор.