ЕК бара Косово да ги повлече царините кон Србија и БиХ
„Бараме итно објаснување за зголемувањето на царините врз увози од Србија и Босна и Херцеговина“, рече портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, додавајќи дека овие мерки јасно ги нарушуваат обврските на Косово. Од Косово, кое моментално претседава со ЦЕФТА, се очекува да ги повлече мерките, истакна Коцијанчич.
„Оваа одлука ја поткопува регионалната соработка и не е во согласност со договорот за стабилизација и асоцијација на Косово“, додаде таа.