Комисијата гласаше за одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на Собранието
Пратеникот Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ, на почетокот на седницата рече дека се работи за политички процес и оти нема да гласаат, по што членовите од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија расправата.
Пратеникот Сашо Василевски, кој не е член на комисијата, се обрати во име на независната пратеничка група на пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ по гласањето за почеток на уставни измени. Тој рече дека расправата е избрзана, зашто вчера се формираше Комисија за помирување, и оти нивната пратеничка група ќе гласа против одземање на мандатот на Груевски, со што е неизвесно дали ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство за одземање на мандатот.