Заев: Можни се законски измени за справување со бездомните кучиња
„Законите што ги имаме се комплицирани и со европски стандарди како се обезбедува згрижување на бездомните кучиња што многу тешко може да ги постигнат општините. Размислуваме на промена на легислативата во пофлексибилен начин кој ќе ги почитува меѓународните стандарди за заштита на животот на животните, а Република Македонија ќе може да го спроведе“, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешното потпишување на договорите за модернизација на преносната мрежа меѓу МЕПСО и пет компании во Владата.