Илјадници луѓе присуствуваа на погребот на Маулана Самуил Хак, проминентен пакистански свештеник познат како „таткото на авганистанските талибанци“ во пакистанскиот град Ношера. 81 годишниот Хак беше убиен во напад со нож во неговиот дом во градот Равалпинди, кој се наоѓа во близина на Исламабад.
На погребот со силно полициско обезбедување беше присутен и гувернерот и шефот на локалната полиција, како и лидери на политички и религиозни групи.