Ердоган: Од највисоко ниво е налогот за убиството на Кашоги
Тој порачува дека е жално што саудиските власти се обидуваат да го прикријат злосторството и дека мора да се открие идентитетот на сторителите. Според Ердоган, долгогодишното пријателство на Анкара со Ријад не значи дека неговата земја ќе го игнорира убиството.