Путин со пофалби за разузнавачката агенција обвинета за нападот на Скрипал
Британија ја обвини агенцијата за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал со нервен гас. Холандија ја обвини ГРУ дека се обидела да изврши хакерски напад врз Меѓународната агенција за контрола на користењето на хемиско оружје. САД ја обвинија агенцијата за обид за хакирање на претседателските избори во САД во 2016 година. Русија ги негира обвинувањата.