Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Мукоски: Владата ќе ги прифати нашите амандмани

По средбата во Собранието  со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на која  се разговараше  за нацрт-амандманите на Уставот премиерот Зоран Заев  рече дека биле дадени насоки за понатамошните постапки кои следуваат. Заев рече дека остануваат отворени за нови амандмани кои може да ги поднесе секој пратеник. Тој не сакаше да прецизира за колку амандмани станува збор.


Одговарајќи на новинарско прашање тој  рече дека сè уште не одлучиле дали во преамбулата ќе биде вклучен и договорот во Охрид.


По средбата  пратеникот Крсто Мукоски од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ги потенцирале нивните  барања и генерално го усогласиле текстот на амандманите.


"Се надеваме дека утре рано Владата ќе го достави документот до Собранието, изјави пратеникот Крсто Мукоски


Тој повтори дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.


"Разговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото", рече Мукоски.


И тој како и премиерот Заев повтори дека постојат два начини нивните барања да се инкорпорираат, или тие да бидат вметнати во владините амандмани или пратениците да поднеста амандмани на амандманите на Владата.


"Добивме гаранции дека Владата ќе ги прифати нашите амандмани" рече Мукоски.


"Сите партеници кои сакаат да го поддржат Договорот од Преспа се добредојдени. За ова треба нив да ги прашате" рече Мукоски на прашањето дали и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните амандмани.


Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и во телото за помирување.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus