Судир на полицијата со средношколци во Атина
Судирите започнаа кога демонстрантите дојдоа пред зградата на грчкиот Парламент и дел од нив почнаа да фрлаат со камења, факли и гасни бомби кон полицајците што ја обезбедуваа зградата. На ова полицајците возвратија со фрлање солзавец. Судирите траеја кратко и демонстрантите набргу се разотидоа.
Со реформите што ги предлага грчкото Министерство за образование се предвиуваат промени во наставниот план во последната година на образование во гимназиите и средните училишта и замена на досегашниот единствен приемен испит за упис на универзитетите, со различни за секој факултет.
Учениците сметаат дека со измените дополнително ќе бидат оптоварени во последната година од средношколското образование и ќе се создаде систем што ќе го обесхрабрува критичкото мислење.