Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Барањето за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски доставено до надлежната комисија

Претседателот на Собранието Талат Џафери до претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања го доставил барањето испратено од судот за одземање на мандатот на пратеникот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес. Претседателот на Комисијата Павле Богоевски за МИА потврди дека барањето е доставено до него и најави дека седницата на којашто ќе биде разгледувано треба да биде закажана во рок од 15 дена. Тој не сакаше да прецизира кога точно ќе ја закаже седницата, само нагласи дека роковите ќе бидат запазени.


Според Деловникот, мандатот на пратеникот може да му биде одземен доколку е фатен во извршување кривично дело за кое е пропишана казна од најмалку пет години, доколку е осуден на казна затвор што го прави недостоен за вршење пратеничката функција и доколку е осуден на затворска казна за кривично дело кое се гони по службена должност. Ако барањето за одземање на мандатот помине во Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Собранието треба да расправа за него на првата наредна пленарна седница. Одлуката за одземање на пратеничкиот мандат, според член 65 од Уставот, се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.


Поранешниот премиер Никола Груевски најдоцна до 8 ноември треба да се јави во затвор за отслужување на двегодишната затворска казна, откако и Апелациониот суд во Скопје ја потврди затворската пресуда.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus