Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Документи од лаптоп на вработена во ПОЦ – доказ дека насилствата во Центар се организирани

Документи од лаптоп на вработена во јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар, како и комуникацијата преку мобилен на советници од ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните пред општината на 10 јуни 2013 година, според актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ се доказ дека насилството во Центар било организирано. За ова денеска во Кривичниот суд сведочеше Богдановиќ предложен како сведок на СЈО во предметот „Насилство во Центар“ во којшто се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието, Даниела Рангелова, советникот во општина Гази Баба, Александар Трајковски и уште неколку лица.


Богдановиќ во својот исказ рече дека вработената Наде Темелковска во Секторот за односи со јавност во ЈП ПОЦ го известила дека нашла друго работно место и при раздолжување на опремата, го оставила службениот лаптоп кај него како тогашен директор на ова јавно претпријатие. Богдановиќ со цел да провери во каква состојба е лаптопот, забележал дека е отворен е-маил на Yahoo пребарувачот на име на сопругот на Наде, Даниел Темелковски во кој имало писма како се допишува со лица од Општинскиот комитет на Центар на ВМРО-ДПМНЕ и како се договараат да ги организираат протестите пред Општина Центар и да обезбедат 200 луѓе. Богдановиќ ги снимил документите и ги предал на СЈО. Според него, предводник на толпата е обвинетиот Александар Трајковски, како и Даниела Рангелова која тогаш ја извршуваше функцијата советничка во општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.




Богдановиќ рече дека тогашниот градоначалник Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ барале помош од полицијата но оти при разговор со началникот на полицијата на општина Центар биле известени дека не може да реагира и чека наредба од горе. Богдановиќ рече дека протестите биле поорганизирани вториот ден кога на присутните им биле носени сендвичи, јајца за фрлање и други предмети.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus