Тевдовски: подготовката на буџетот за 2019 година во последна фаза
“Ако се сеќавате, дури и кога немавме ваква извесност за случувањата, јас реков дека ние сме подготвени за сите сценарија. Најбитното во моментов е дека буџетот е во одлична кондиција, може да видите од извештаите кои ние секој месец редовно ги објавуваме, многу транспрентно. Приходната страна на буџетот на Република Македонија е одлична, се полни согласно нашите проекции. Тоа е нјаважно”, рече Тевдовски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.
Буџетот за следната година се подготвува и е во последна фаза, дополни министерот, нагласувајќи дека сите детали ќе бидат објавени кога, како што рече, ќе дојде време.