Земјотрес од 5,8 степени во Романија
До сега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.
Според романскиот Национален геофизички институт земјотресот е регистран во три часот и 38 минути по локално време и траел неколку секунди. Епицентарот бил во реонот на Вранча, Источна Романија на длабочина од 150 километри.