ЗНМ бара Иефимерида да ги каже „корумпираните“ новинари во Македонија
Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото на Иефимерида да ги објави имињата на новинари и медиуми што наводно примале пари со цел да навиваат јавно за договорот од Преспа.
„Објавување нецелосни информации во врска со работата на македонските новинари го урива нивниот углед и довербата пред јавноста и во исто време претставуваат злонамерни шпекулации, кои можат да им служат само на политичките интереси“, стои во соопштението од ЗНМ.