Груевски до 8 ноември треба да се јави во затворот во Шуто Оризари
Од судот велат дека по претходно неуспешен обид да му биде доставен упатниот акт на домашна адреса, „на едно од правосилно осудените лица со пресуда од страна на Апелациониот суд за предметот „Тенк“, во судот му беше врачен упатниот акт изготвен од судија за извршување на санкции во кој е наведен максималниот рок од 13 дена до кога треба да се јави на издржување на правосилно потврдената санкција“, велат од судот.
Во случајот на СЈО „Тенк“ поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра.