Шестмина загинати во поплави во рускиот регион Краснодарски крај
Министерот за вонредни состојби на Краснодарски крај, Сергеј Капустин, денеска изјави дека телата на жртвите од поплавите биле најдени во областите Туапсе и Апшерон.
Илјадници згради во околу 30 градови и села во регионот, вклучително градовите Туапсе и Сочи, беа погодени од високи нивоа на води предизвикани од обилните дождови кои ја погодија областа на 24 и 25 октомври.
Електричната енергија и водата со отсечени во погодената област, а некои патишта и најмалку еден мост се уништени. Локалните возови и автобуси запреа со сообраќање поради поплавите.
Властите прогласија вонредна состојба во регионот.