Путин: Новото руско оружје ќе биде неспоредливо во светот
Најавата на Путин следи откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планира да ги повлече САД од договорот за контрола на нуклеарното оружје од 1987 година, поради, како што рече, руското кршење на пактот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин денеска со постојаните членови на Советот за национална безбедност разговарал за прашањата на стратешката стабилност во контекст на плановите на САД за повлекување од Договорот за нуклеарни сили со среден домет.