Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за политичката состојба

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва, според официјалните информации, треба да разговара за моменталната политичка состојба во државата и обезбедувањето на двотретинското мнозинство во Собранието за поддршка на уставните измени. Но, дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека има внатрепартиски превирања и дека за тоа ќе се разговара на вечерашниот ЦК.


Во пресрет на состанокот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за состојбите во партијата се огласија неколкумина актуелни и поранешни партиски претставници.


Во изјава за медиумите поранешниот висок партиски функционер Сашо Мијалков вели дека тој дал оставка на сите функции во партијата и со тоа на никаков начин не влијае во нејзиното работење.


Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на Фејсбук му искажа поддршка на Мицкоски, а тоа го направи и патеникот Антонио Милошоски.


Пратеникот Илија Димовски, пак, ја критикуваше актуелната политика на партијата која според него води во изолација и губење на капацитетите да влијае на политичките процеси во државата. Тој го осуди бркањето од партијата на како што вели, т.н. предавници и нелојални членови.


Според него, партијата мора да направи измени во статутот и дисконтинуитет со грешките од минатото, за да може повторно да влијае на политичките процеси во државата.


Највисоките тела на партијата во петокот ги исклучија од членство седумтемина пратеници кои дадоа поддршка во Собранието за пристапување кон измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus