Димитров - Палмер: поддршка од САД за членство во НАТО и ЕУ
Министерот Димитров упатил благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија, соопштуваат од Министерството. Оттаму додаваат дека тој нагласил дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство, изразувајќи уверување дека земјата успешно ќе изоди патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.
Димитров и заменик помошникот државен секретар Палмер, разговарале и за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка, стои во соопштението.