Рочиште за „крвавиот четврток“: прегледување снимки од собраниските камери
„Ништо не е ветувано за случајот 27 и затоа не сакам да давам никакви информации. Доаѓаме тука да докажеме дека сме невини“, изјави Арнаудов, додавајќи оти нема да се меша во судските одлуки.
На денешното рочиште за случувањата на 27 април во Собранието, предвидено е да се прегледуваат видеоснимките од собраниските камери направени на 27 април.
Ова ќе биде прво рочиште по пуштањето од домашен притвор на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов.
За случајот „27 април“ обвинети се 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две лица за помагање на делото.