Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани со затворање на границата на САД кон Мексико, објавија светските новински агенции. Заканата на Трамп доаѓа во време кога илјадници мигранти се движат низ Средна Америка кон север, со надеж дека ќе успеат да стигнат до САД.
„Треба со најстрог тон да побарам од Мексико да го спречи овој напад - и доколку не е во состојба да го стори тоа, ќе ја повикам американската армија и ќе ја затворам нашата јужна граница“, објави Трамп на неговиот профил на Твитер.