Подготвени се измени на Законот за здравствена заштита за преземање во јавното здравство на медицински сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи основани под закуп во здравствените домови, а по различни основи во меѓувреме останале без работа, соопшти Министерството за здравство.
Според соопштението, овие законски измени ќе влезат во процедура во текот на следната недела. Во моментов се извршуваат пошироки консултации со сите релевантни чинители кои се засегнати од законските одредби. Исто така, со измените ќе биде опфатена и можноста за преземање доктори на медицина, стоматолози и фармацевти од приватно во јавно здравство, соопштија од Министерството за здравство.