Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Реакции на Георгиевски и Груевски за новиот случај на СЈО „Поштенска банка“

По почнувањето на истрагата за новиот случај на СЈО, „Поштенска банка“, се огласија и двајцата поранешни премиери Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кои се спомнуваат во случајот, но нема да бидат предмет на истрага поради застареност на делото злоупотреба на овластувањата.


Георгиевски тврди дека нема никаква врска со случајот и дека и порано бил повикуван во СЈО заради Поштенска банка.


„Пред неполна година бев повикан во СЈО каде ми беше презентирана бомба - разговор на Томица Главчев со висок функционер на власта од кој барајќи одредени услуги го спомнува и Никола Груевски во контекст на неговата банка. Односно дека Груевски во првата влада побарал од него да учествува во приватизацијата на Поштенска Банка. Кога бил викнат во СЈО ја сменил изјавата, па рекол дека во кабинетот на Георгиевски како Премиер бил повикан тој а Јас, Никола Груевски и Марјан Ѓорчев имаме побарано од него да учествува во приватизацијата. Откако енергично негирав дека никогаш немало таков разговор тој пак ја сменил изјавата дека тој сам бил повикан од мене и таму имало неколку советници од владата“, реагираше Георгиевски.


И поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНР, Никола Груевски, се огласи по отворањето на случајот.


„Денес повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал. СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет. Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат“, реагираше поренешниот премиер Груевски преку објава на неговата официјална Фејсбук страница.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus