Спасени 354 мигранти близу Шпанија
Според информациите на светските новински агенции, шпанската крајбрежна стража извлекла од морето три безживотни тела, додека останатите мигранти ги спасила во Алборанското Море на запад во Медитеранот откако чамците со мигранти ги забележал спасувачки авион. Засега не е позната националноста на мигрантите.
Од почетокот на годината во Шпанија е значително зголемен бројот на мигранти, и до крајот на септември се регистрирани повеќе од 35.000 кои влегле по морски пат. Тоа е трипати повеќе од истиот период минатата година.