СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски за случајот „Поштенска банка“
Од СЈО бараат притвор за тројцата осомничени, а ги сомничат за кривично дело сторено во период од 2001 до 2010 година. Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.