Лавров: Независноста на украинската црква е провокација поддржана од САД
Во интервју објавено на сајтот на руското министерство за надворешни работи, Лавров вели дека станува збор за „провокации на цариградскиот патријарх Вартоломеј, со јавна и директна поддршка од Вашингтон“.
„Мешањето во животот на црквите е забрането со закон во Украина, Русија, и, се надевам, во секоја нормална држава“, вели шефот на руската дипломатија во разговорот за државната телевизија РТ и француските медиуми Фигаро и Пари мач.