Грчка православна црква: Се спротивставуваме на руските притисоци
Украинската православна црква сака да стане автокефална, односно да добие самостојност и за тоа побара поддршка од Вселенскиот патријарх, поглавар на Царигратската патријаршија и духовниот лидер на околу 250 милиони православни христијани
Во обид да спречи одвојување на украинската црква, поглаварот на РПЦ, патријархот Кирил, ги повика на разговор автокефалните цркви за да се разгледа ситуацијата во Украина.
Бугарската православна црква минатата недела го одби повикот на Руската православна црква.