ВМРО-ДПМНЕ со кривична пријава за злоупотреба на гласови на референдумот
Според соопштението на партијата, постои основано сомнение дека на изминатиот референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени во текот на референдумот. Од партијата повикуваат и на смена на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, заради негово нестручно и несовесно работење.