Уапсен опозициски лидер во Пакистан за корупција
Тој е обвинет дека ја злоупотребил службената должност додека бил главен министер во покраината Пунџаб од 2013 до 2018 година со тоа што извршил влијание на властите да доделат договори за владината програма за домување на граѓани со ниски примања на компанија која имала политички врски. Партијата на Шариф соопшти дека неговото апсење е политички мотивирано.