Исчезна шефот на Интерпол по патување во родната Кина
Сопругата на шефот на Интерпол Менг Хонгвеи ја контактирала полицијата во Лион, францускиот град каде се наоѓа седиштето на агенцијата, бидејќи не се слушнала со нејзиниот сопруг откако отпатувал во Кина на 29 септември, велат полициски и судски извори.
Засега нема коментар од Интерпол.
64-годишниот Менг беше назначен за шеф на Интерпол во ноември 2016 година, откако беше на неколку високи позиции во Кина, вклучително заменик министер за јавна безбедност. Неговиот мандат е до 2020 година.