Во Сарај постигнат цензус до 17 часот, Ново Село со најмала излезност
Најмала излезност има во Општина Ново Село, каде што до 17 часот на гласање излегле над 1500 луѓе, односно под 14 отсто од регистрираните избирачи. Во Илинден гласале 14,47 отсто од избирачите, а во Могила и во Старо Нагоричане гласале над 16 отсто од избирачите.
Излезноста на референдумот до 17 часот била 28,83 проценти од гласачите, односно на гласање излегле 455.771 од регистрираните над 1,8 милиони гласачи, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Ова се податоци од обработени 87,25 од гласачките места.