ДИК: Излезноста до 17 часот – 28,93 отсто
„Се работеше за луѓе што не се нашле на избирачкиот список, меѓутоа не ни можеле да се најдат, тие или менувале лични документи, или не поседувале важечки лични исправи, што значи дека немаат основ да бидат на избирачкиот список“, рече Дерковски.
Тој вели дека денот се одвива во мирна и демократска атмосфера, со одредени исклучоци.
„Главно сликата за денешниот ден е добра и сметам дека така треба и да продолжи и да не се дозволи да се наруши целата слика за овој ден. Сè зависи од граѓаните на Република Македонија, но сè зависи и од изборните органи кои не треба да дозволат какви било нерегуларности во овој процес“, рече Деркоски на прес-конференција.