Ципрас и Каменос ќе разговараат за Договорот од Преспа во март
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за средбата нема официјални информации, а АНА-MПA, повикувајќи се на владини извори пишува дека Ципрас и Каменос се согласиле дека во “овој момент она што е најважно за земјата е обединетоста и политичката стабилност”, а разговарале за економијата, но и за договорот од Преспа.
"Во однос на прашањето за договорот од Преспа, истите извори рекоа дека Ципрас и Каменос се согласија дека во ниеден случај нема да дозволат да биде одложувачки фактор во работата на владата и ќе се навратат на прашањето следниот март", пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.