Потона траект во Танзанија, најмалку 86 загинати
Џон Монгела, гувернер на регионот Мванза во Танзанија, денеска изјави дека најмалку 37 преживеани биле спасени откако траектот се превртел во езерото кое е опкружено од Танзанија, Кенија и Уганда.
Се смета дека десетици други се водат за исчезнати, но оти потрагата продолжува.
Првичните проценки укажуваат дека бродот носел повеќе од 300 луѓе, но точниот број на патници се уште не е јасен. Таквите бродови често се преполни и носат стотици луѓе.
Властите велат дека траектот потонал неколку метри од пристаништето во близина на островот Укара во областа Укереве.