Формиран Судско-медиумски совет за отворање на судовите кон јавноста
СМС е формиран за подобрување на комуникацијата на судиите и новинарите во насока на поголема соработка и отворање на судовите кон јавноста. За претседател на Советот е избрана Гордана Дувњак од „ТВ1“, а за потпретседател Илир Сулејмани – претседател на Основниот суд – Скопје 2. Советот е формиран по претходни искуства на вакви тела во САД.
„Овој судско-медиумски совет со својата работа треба да ја зајакне довербата меѓу овие две фели и да овозможи правилно и објективно информирање за судските процеси од интерес на јавноста, без при тоа да се нарушуваат основните човекови права на учесниците во постапките“, истакна Дескоска.