Македонија и Грција ќе потпишат меморандуми за енергетска соработка
Министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис заедно со претставници од Операторот на националниот систем за пренос на природен гас на Грција (ДЕСФА) и на Независниот оператор за пренос на електрична енергија на грчката електродистрибуција (АДМИЕ), во понеделник и вторник доаѓаат во Скопје на средби со претставници на македонската Влада и за потпишување на меморандумите за сорабтка, јавува МИА.
Македонија и Грција во насока на енергетската соработка пред две години потпишаа меморандум за разбирање меѓу МЕР и ДЕСФА.