Меј бара од ЕУ алтернатива за Брегзитот
"Јас нема да ги менувам резултатите од референдумот, ниту ќе ја растурам својата земја. Потребно ни е сериозно ангажирање за да се решат двата главни проблеми во преговорите и ние сме спремни", рече Меј.
Ден откако лидерите на ЕУ ги отфрлија клучните делови од нејзиниот предлог за Брегзит таа оцени и дека преговорите се во ќорсокак.