Рама не се изјасни дали е за или против менување на границите
“Моето мислење е ова: јас немам одговор за да кажам дека ова е решение, но можам да кажам дека не е критика за Хашим Тачи, туку мислам дека персонализирањето на ова е нешто што може да има многу голема цена, тоа е едно нешто што може да има многу голема цена. Знам која може да биде цената? Ние сме пред една историска шанса и постојат многу изгледи да ја изгубиме отколку да ја добиеме доколку се однесуваме како аматери. Ваква шанса може да дојде по 30 години, изјави Рама гостувајќи во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија Клан.
Ова е прва официјална изјава на Рама во врска со идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија. Претходно шефот на државата Илир Мета, како и лидерите на опозициските партии изнесувајќи го ставот против ваквата идеја, истата ја оценија како многу опасна по мирот и стабилноста во регионот. Тие го подржуваат дијалогот Косово - Србија со постигнување договор.