ВМРО-ДПМНЕ бара да се објават уставните измени, СДСМ тврди дека е гарантиран идентитетот
“Власта во оваа кампања мора да ги даде клучните одговори, да ги запознае граѓаните со клучните моменти за што е референдумот и да не ги доведува граѓаните во заблуда. Тие мора да ги знаат сите факти, не смее да бидат манипулирани. Зоран Заев отворено рече не ги објавуваат амандманите затоа што народот ќе се чувствувал непријатно и тоа ќе влијаело на одлуката на референдумот ” рече Стоилковски.
Од СДСМ преку соопштение ја обвинија опозициската партија за отсутство на одговорност во, како што пишуваат, клучни моменти за државата.
“Целосно бесмислени се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни историски фалсификати. Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско-грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет. Децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност. Согласно Спогодбата се дефинира дека ниедна страна нема територијални претензии кон другата, а ќе се обезбедат и гаранции за непроменливоста на државните граници на Република Македонија”, наведуваат од СДСМ.