Повеќе од 100 загинати откако потона траект во Танзанија
Џон Монгела, гувернер на регионот Мванза во Танзанија, денеска изјави дека најмалку 37 преживеани биле спасени откако траектот се превртел во езерото кое е опкружено од Танзанија, Кенија и Уганда.
Телата на повеќе од 100 жртви беа пронајдени денеска пред пладне, а се смета дека дополнително десетици луѓе се исчезнати, додека потрагата по нив продолжува.
Првичните проценки укажуваат дека бродот носел повеќе од 300 луѓе, но точниот број на патници се уште не е јасен. Таквите бродови често се преполни и носат стотици луѓе.
Властите велат дека траектот потонал неколку метри од пристаништето во близина на островот Укара во областа Укереве.