АВМУ: Анкети за референдумот може да се објавуваат до 24 септември
Од АВМУ соопштија дека резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24 септември 2018 година. Рефендумскиот молк започнува 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28 септември 2018 година и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30 септември 2018 година. За време на молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот.
АВМУ ги повикува радиодифузерите за повеќе детали да го консултираат Упатството за медиумско претставување за време на референдум, достапно на веб-страницата на Агенцијата во банерот РЕФЕРЕНДУМ 2018.
Агенцијата додава дека следната недела ќе бидат објавени извештаите за констатираните прекршувања и првиот извештај за медиумското покривање на референдумот.