ДИК ќе ги разгледува барањата за набљудување на референдумот
Барања се поднесени од Шведската национална телевизија, СВС Вести - Австралија, Новинската агенција Блумберг Њуз - Велика Британија, Руската државна новинска агенција РИА, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Австриската радио телевизија, Продуцентската куќа Вијс - САД, Асошиејтед Прес, ОБСЕ ОДИХР (надополнување), Амбасатадата на Франција, Ал Џезира - Англиски јазик и Ал Џезира - Балкан.
Членовите на ДИК треба ги рзгледаат и предлог решенијата за ставање вон употреба на печати користени од избирачки одбори, предлог-одлуката за утврдување на обликот на 39 печати со број на избирачко место кои ги користат избирачките одбори, а кои се ставени вон употреба, Предлог записник за собирање податоци за одзив на гласачи по основ на пол, како и информација од одржаните работни состаноци на ДИК.