Путин и Орбан продолжуваат со плановите за нуклеарна централа
Претходно, оваа година, Австрија поднесе тужба до Европската комисија поради одобрението за проширување на нуклеарната централа Пакс. Австрија, која нема нуклеарни централи, се противи на „употребата на нуклеарни централи на сите нивоа“, напиша австриската министерка за одржливост, Елизабет Костингер.
Цената на проектот се проценува на околу 12,5 милијарди евра, од кои најголемиот дел, односно 10 милијарди евра, се кредит од Москва. Путин и Орбан разговараа и за трговската размена, рускиот гас за Унгарија и за конфликтите во Украина и во Сирија.